The posting
Во име на нашиот клиент, Hertz, водечки светски бренд во индустријата за rent-a-car услуги, ДЕКРА ја огласува следната работна позиција:
• Rent-a car Representative
ОПИС НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА:
• Одговорен за изготвување на договорот за изнајмување, проверка на потребните документи за изнајмување на возилото и обезбедување на начинот на плаќање (готовина или кредитна картичка). Врши предавање на возилото на клиентот заедно со целата неопходна документација за непречено користење;
• Се грижи за клиентот во текот на периодот на изнајмување и одржува континуирана комуникација за идни резервации;
• Одговорен за проверка на состојбата на возилото при неговото враќање, вклучувајќи проверка за евентуални оштетувања, изгубени документи и нивото на гориво, како и за наплата на соодветните трошоци;
• Должен е да ги проверува возилата пред и по изнајмувањето и да пријавува какви било промени во однос на нивната претходна состојба;
• Обезбедува секоја резервација да се реализира точно во предвиденото време, со возило што е целосно функционално и подготвено за изнајмување;
• Обезбедува клиентите секогаш да бидат целосно информирани за условите и цените на изнајмувањето, со цел да се спречат евентуални поплаки и недоразбирања поради недостиг на информации.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
• Возачка дозвола Б категорија;
• Одлично познавање на англискиот јазик (писмено и усмено); познавањето на дополнителни јазици се смета за предност;
• Изразени комуникациски и меѓучовечки вештини;
• Основни компјутерски вештини за работа со системи за резервации и процесирање на плаќања;
• Завршено средно образование или еквивалент (диплома од областа на туризмот или бизнисот претставува предност);
• Подготвеност за работа во смени, вклучувајќи викенди и празници;
• Прецизност и внимание кон деталите.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: [email protected], со назнака за позицијата за која што аплицираат.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [email protected]



